Мицкоски: Кредитот ќе се враќа до 3 години грејс период и до 15 години рок на отплата
Во делот на каматата ќе се преговара и оваа недела, и очекувам до крајот на следната недела да се има некаков став поврзан со тоа прашање и на тој начин би го заокружиле сето ова и би отпочнеме да го аплицираме и да се пренесе на стопанството, изјави Мискоски.
Денеска во просториите на Министерството за финансии, имавме состанок со Македонската банкарска асоцијација, разговаравме околу средстава што се дел од заемот од унгарската Влада, изјави премиерот на Владата Христијан Мицкоски.
-Состанокот би го поделил во три дела и тоа:
Првиот дел е оној што се однесуваше на рочноста, времетраењето и слично. Вториот дел е желбата да се учествува во проеткот и третиот дел е поврзан со каматнаата ставка, потенцираше во изјавата.
-Ќе почнам од вториот дел дека сакаат да учествуваат како Македонската банкарска асоцијација, нејзините членки и членови е несомнен и сите изразија желба да учествуваат во овој процес од тоа што можев да го слушнам од нивните претставници.
Во делот на рочноста заземавме исти, заеднички ставови, дека во зависност од барањата на клиентите ќе ја котистиме формулацијата до три години грејс период и до 15 горини рок на отплата.
Бидејќи членките кажаа дека има поедини клиенти коишто можеби сакаат пократок рок и затоа велиме до три години и до 15 години отплата, додаде Мицкоски.