За земјоделците никако да дојде животот ветуван од СДСМ – се жалат на ниската цена на пченицата, министерот одбива средба!
Земјоделците се жалат на ниската цена на пченицата со која не можат да ги покријат трошоците, објавува ММС.
Земјоделците од полошко регистираат цена најниска досега. Со 9,5 денари од килограм како што велат се во загуба и не можат да ги покрикат трошоците
-Сега пченицата е околу 10 или 9,5 денари, но не е проблем само трошоците за транспорт, тука се и додатни трошоци. Мелничарите кога ја мерат пченицата ти велат има влага, има ѓубре и таму ти намалуваат тежина и на крај ќе излезе дека пченицата ти е 9 денари -Пченицата е стратешки производ. Со закон треба да се заштитат земјоделците кои произведуваат пченица, ако имаат трошок државата треба да им го покрие. Требаше Министерот за земјоделие Трајан Димковски да оствари средба со земјоделците и да ги праша каква е состојбата со прооизводство на пченица, а нивните образложенија се дека има корона, а за митинзи немаше корона тогаш, истакнаа од Националната федерација на фармери.
Од Агенцијата за поттик и развој на земјоделието подрачно одделени Тетово велат дека цената на пченицата зависи од повеќе фактори пред се узвозот на овој производ. Поради ваквата состојба, малку се намалени површините засадени со пченица.
Од Агенцијата за поттик и развој на земјоделие, апелираат земјоделците да го променат начинот на работа со примена на нови технологии и производство на поголеми површини. Само на тој начин ќе се покријат големи загуби, а ќе бидат и конкурентни надвор од земјата.