Меѓу жртвите во несреќата во Нови Сад се и сестричките Тина (9) и Сара (5), загина и нивниот дедо, во Србија денеска е Ден на жалост, а во Нови Сад три дена

Девојчињата Тина (9) и Сара (5) кои вчера со дедо им биле на железничката станица во Нови Сад во моментот кога се срушила настрешницата починале во болница, објавуваат медиумите во Србија. Веста ја потврдиле членови на семејството.

– Двете починаа, ги нема, изјавил нивниот друг дедо, Бранко Матиќ од Лозница, кој вчера нестрпливо чекал да дојдат на слава.

Матиќ вчера изјавил дека не знае каде се девојчињата, но подоцна стигнала вест дека се во болница, со тешки повреди, додека нивниот друг дедо, со кого патувале, загинал.

Во несреќата која се случи вчера на железничката станица во Нови Сад, кога се сруши настрешницата, загинале 16 луѓе, а некои се тешко повредени, пренесоа во саботата регионалните медиуми во Војводина.

Поради тешката несреќа во Србија денеска е Ден на жалост, а во Нови Сад три дена.

Од 16 загинти, пет лица уште не се идентификувани, осум се државјани на Србија, еден на Македонија, кажа синоќа претседателот на Србија Александар Вучиќ.