СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ ТУРЦИЈА Епицентарот е близу местото кое лани беше разурнато

Епицентарот е регистриран на 46 километри од Малатија која лани беше разурната во катастрофалните земјотреси.

Разорен земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција, соопшти ЕМСЦ. Епицентарот е регистриран на 46 километри источно од Малатија на длабочина од 9 километри.

Малатија лани беше разурната од минатогодишните катастрофални потреси кои ја завија Турција во црно.

На социјалните мрежи се појавија снимки од моментот на ударот утрово.