Мицкоски: ЕУ мора да ги поддржи државите кои покажуваат зрелост, одлучност и соработка за заедничката цел – Македонија прави многу на овој план
Европската Унија мора да ги поддржи државите кои покажуваат зрелост, одлучност и соработка за заедничката цел. Македонија прави многу на овој план, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски.
Германскиот канцелар Шолц изјави дека ЕУ не е целосна без државите од Западен Балкан. Европската Унија мора да ги поддржи државите кои покажуваат зрелост, одлучност и соработка за заедничката цел. Македонија прави многу на овој план, пишува Мицкоски во својата објава.