Зорица Ѓорчевска: Дојдовме на последната локација кај една напуштена куќа и почнавме да ја довикуваме

Не ги познавам обвинетите, а не сум скарана со Александар, изјави мајката на Вања Ѓорчевска, Зорица, која денеска во Основниот кривичен суд Скопје сведочи на продолжението од судењето за двојното убиство на нејзината малолетната ќеркака и велешанецот Панче Жежовски.

Во станот каде се случи настанот живеевме од септември, а станот беше во сопственост на Александар. Тој инсистираше станот да биде на негово име за децата да имаат нешто. Побарав станот да се префрли на име на децата, бидејќи јас ќе живеев таму како старател. Ја почнавме постапката, но нотарската постапка никогаш не беше завршена. Тој одолговлекуваше и јас престанав да инсистирам. Јас ги плаќав сметките, го реновирав и на 9 септември се вселивме. Претходно во станот живееше станар. Јас имам уште три стана и стан во Охрид, кој се водеше на името на родителите, рече Ѓорчевска.

Раскажа и за кобниот ден.

Помалата ќерка немаше прв час и Вања сама излезе на училиште. Кога класната ми прати порака дека Вања не е на училште ја следев на „гугл мапс“ и последната локација ѝ беше кај „Фитнес хаус“ на „Партизанска“. Беше недостапна, дојде и Александар, пријавивме во полиција. Дојдовме на споменатата локација кај една напуштена куќа и почнавме да ја довикуваме, раскажува таа.

Александар ми рече тогаш дека Вања е киднапирана, нема што друго да биде, се присети Зорица.

Зорица тогаш ја прашала и полицијата дали може да објави дека е киднапирана, а откако ѝ дозволиле тоа и направила.

Во петок сабајле речиси секогаш помалата ќерка одеше сама на училиште. За конкретниот ден класната на помалата ќерка беше болна и затоа немаше да има прв час, додава Ѓорчевска.

Потврди дека – тоа му го кажала и на таткото.