ЈСП пред колапс и стечај: САМО ЗА НАФТА, ДОЛЖАТ НАД 9 МИЛИОНИ ЕВРА, плус за сè друго
Градот Скопје, очигледно, за тоа не се потребни нови докази, има сериозни проблеми со голема корупција и истекување на пари од буџетот што придонесува да нема пари за основни функции на градскиот сервис. Граѓаните даноците ги плаќаат – но парите ги нема. Во таков случај, само корупција може да го испразни буџетот и да го доведе целиот град Скопје во проблем.
А следи голем проблем, јавниот автубуски сообраќај на Скопје е пред колапс. Буквално. Автобусите не се одржуваат согласно прописите и техничките упатства и претставуваат опасност и за патниците, и за окоината во сообраќајот. Патем, проблеми има и со редовни плати за вработените во ЈСП кои се помали од државниот просек за соодветни работни места. А доаѓа зима, уште потешки услови за патување, за патниците, и движење на автобусите.
Но, проблемот е многу поголем од тоа. ЈСП, или скопкиот јавен сообраќај, има огромни долгови кои го подриваат опстанокот на тоа јавно претпријатие. Време е, во последен момент, да се постави прашањето дали и до кога воопшто ЈСП може да постои бидејќи е пред блокада на сметката, заклучно со 10.10.2024 има долг само за гориво од 553 милиони денари, или околу 9 милиони евра за што се веќе дадени на извршување за фактури постари и од две години..
Дали претпријатието има иднина или скопјани, вработените, студентите и пензионерите ќе останат без јавен превоз. ЈСП е основано во 1948 и до денес не биле во ваква криза и пред блокади кои го загрозуваат опстанокот, со сигурни чекори се движи кон стечај.
Освен што ЈСП само за потрошената нафта досега должи преку 9 милиони евра, должи и за плати, им должи и на приватните превозници, и на многу други добавувачи за моторни масла, гуми итн. Согласно сметките и сосотојбата со јавниот превоз во следните денови може да се очекува комплетен колапс на ЈСП.