ВИДЕО: Израел тврди дека е убиен лидерот на Исламски Џихад во напад на Западниот брег

Израелската армија денеска соопшти дека го убила лидерот на Исламскиот џихад од палестинскиот бегалски камп Нур Шамс во Тулкарем, на Западниот Брег.

„Областа на Тулкарем беше цел на напа и Мохамад Абдула, водачот на терористичката мрежа Исламски џихад во Нур Шамс, е „елиминиран““, се вели во соопштението на израелската армијата, се додава дека во нападот е убиен уште еден член на екстремистичката група.

Абдула беше наследник на Мухамед Џабер, кој беше убиен на 29 август во израелски напад врз тој логор.

Исламскиот џихад, кој има упориште во бегалските кампови на северот на Западниот Брег, не ја потврди оваа информација.

Израелската армија го обвини Мохамед Абдула за „вклучување во бројни напади во регионот“, се вели во соопштението на Телеграм.