Ги оштетувал иконите на крстот во Драчево – приведен скопјанец
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Денеска околу 03.30 часот во паркот „Бранители“ на подрачјето на Драчево во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода 36-годишниот В.Г. од Скопје, извести МВР.
Тој бил затекнат како со остар предмет ги оштетувал иконите на долниот дел од крстот, поставен во паркот. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.