Тачи отишол да преговара за влада со ВМРО-ДПМНЕ, ТИЕ МУ КАЖАЛЕ ДЕКА НЕ САКААТ СОРАБОТКА СО ФРОНТОТ НА ДУИ
Лидерот на ДПА и пратеник Мендух Тачи вели дека тој бил главен преговарач на Европскиот фронт предводен од ДУИ за влада, но од ВМРО-ДПМНЕ добил негативен одговор.
Сепак според Тачи таа одлука на ВМРО-ДПМНЕ била затоа што сакале антиалбанска политика, што се испостави дека не е точно затоа што ВМРО-ДПМНЕ има партнер од албанскиот блок, а тоа е коалицијата ВРЕДИ.
„Јас бев главен преговарач на Фронтот кога отидовме на разговори со ВМРО за оваа влада. Беа децидни дека не соработуваат со нас затоа што сакаат да ја унапредат својата антиалбанска политика, а тема на средбата беа уставните измени и евроинтеграциите. ВМРО ми понуди да станам претседател на парламентот. Тогаш на последната средба ми рекоа, можеш ли да се согласиш претседателот на парламентот да биде Македонец? Ја кажаа приказната и средбата заврши“, рекол Тачи во гостување на „Клан Македонија“.
Според него, актуелната Влада добила силен удар со фактот дека ЕУ планира да ја одвои Македонија од Албанија на патот кон интеграција во ЕУ.
„Оваа влада имаше негативен однос кон евроинтеграцискиот процес, па постапките на претходната влада со потпишување мировни договори и проевропски настроени ги поттикнаа Македонците да гласаат за поранешниот националистички менталитет. Тие се покажаа против Договорот од Преспа, против други мировни договори, но сега видовме дека за оваа влада, одвојувањето на Албанија од Македонија на патот кон ЕУ е најсилниот удар“, изјавил меѓу другото Тачи.
Сепак овие тврдења на Тачи ги побива Билал Касами еден од лидерите на ВРЕДИ, за ТВ21. Касами изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не е против интеграцискиот процес но потребен е јасен план од ЕУ.
Касами синоќа во гостувањето на ТВ21 во емисијата Клик Плус, рече ние се уште немаме јасен план од страна на ЕУ што се однесува на интеграцијата на земјите од регионот и Северна Македонија.
Касами е убеден дека и ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати уставни измени со внесување на Бугарите тогаш кога меѓународните партнери, пред се ЕУ и САД ќе дадат јасен план за интеграциите, што сега за сега тој не го гледа.
Уставните измени се само предуслов за продолжување на евроинтеграциите, но за понатамошните интеграции потребен е партнер од страна на ЕУ со јасен план за нашиот пат кон ЕУ.
Коментирајќи го излезот на ДПА и Мендух Тачи од Европскиот Фронт, Касами рече дека тоа е почеток на распадот на тој фронт.
Според него Европскиот фронт не беше формиран за да бидат опозиција туку бил формиран да се зајакне ДУИ им да им се помогне да останат на власт.
-Излегувањето на Тачи е само почеток на распадот, рече Касами во гостување на ТВ21 во емисијата Клик Плус.