Тачи: “Европски фронт“ го нема легитимитетот на Албанците – ГИ ИЗМЕША ГЛАСОВИТЕ на Турците, Бошњаците и Ромите

Шефот на ДПА, Мендух Тачи, во дебатата за Клан Македонија, призна дека веќе нема да биде како дел од Европскиот фронт.

Тој исто така нагласи дека овој фронт не може да се повика на легитимитетот на Албанците бидејќи имале гласови од други етнички групи.

„Фронтот наводно победи на изборите, но во Фронтот имаше мешани гласови како Турци, Бошњаци, Роми и други. Затоа не може да се повикува на легитимитетот на Албанците“, рече Тачи.