Мицкоски: Се подготвуваме за многу нови проекти, нови инвестиции и нови мерки кои ќе донесат позитивни промени

Македонија станува повторно твоја. Благодарам што сте дел од оваа промена, истакна Мицкоски.

Првите 100 дена од изборот на нашата Влада беа време на сериозни предизвици и нови можности. Се соочивме со наследени проблеми, но имаме и големи надежи, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Тој објави видео на својот Фејсбук профил, а испрати и порака до граѓаните.

-Вашата поддршка, вашиот труд и вашите идеи се наша најголема сила. Заедно градиме држава за идните генерации. Овие 100 дена беа само почеток. Се подготвуваме за многу нови проекти, нови инвестиции и нови мерки кои ќе донесат позитивни промени. Македонија станува повторно твоја. Благодарам што сте дел од оваа промена, истакна Мицкоски.