Реката Дунав денеска се излеа во српскиот град Бачка Паланка, во природниот парк „Тиквара“, каде невремето придружено со силен ветер корнеше дрвја и оштети покриви. На целиот север од земјата е забележан значителен пад на температурата и се предвидува продолжено невреме со силен дожд и грмежи, пренесува „Слободен печат“.
Како што соопшти денеска Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ), облачност со врнежи од дожд, пад на температурата и умерен и засилен северозападен ветер најпрвин ја зафати Бачка Паланка, но во потоа ќе се прошири и во остатокот од Војводина, како и во јужните и источните делови на земјата.
На граѓаните им се препорачува да ги преземат сите мерки за заштита на себеси и својот имот од предвиденото невреме.
Значителна промена на времето утре ќе има и во Македонија, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утре под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север ќе настапи позначителна промена на времето. Од утринските часови најпрвин во северните делови, ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува силен ветер (наместа над 70км/ч.) кој ќе продолжи и во понеделник.
View this post on Instagram