„Македонија е жртва на билатеризација, од одлуката на ЕУ СРЕЌНИ БЕА САМО ОПОЗИЦИЈАТА ДОМА И БУГАРСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ“

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска од Охрид на прес-конференцијата со Виктор Орбан, кажа дека жали за одлуката Македонија да биде одвоена од Албанија на патот кон ЕУ, и изрази надеж дека зачленувањето ќе биде поради исполнување на копенхашките критериуми.

„Не смееме да губиме надеж и да се разочаруваме, иако многу пати се разочаруваме. Јас жалам што тоа се случува, и што ние мораме повторно да бидеме жртва на билатерализација, а не на исполнување на копенхашки критериуми. Ќе продолжиме да работиме на проблемите дома. Добро е што имаме пријатели во ЕУ, и тие пријатели сакаат да го шират нашиот глас во ЕУ, еден од тие пријатели е Виктор Орбан, и тоа што тука се случува последните два дена, покажува голем симбол на пријателство. Им посакувам се најдобро на албанската влада, да го завршат брзо преговори и да станат земја членка на ЕУ. Се надевам и ние ќе можеме дел од тоа семејство и на таа маса. Жалам што поради оваа одлука, и од неа само две страни беа задоволни, а тоа се без исклучок политичарите кај нашиот источен сосед и опозицијата дома. Таа порака од ЕУ не е фер“, рече Мицкоски.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.