Најавен НОВ КРИВИЧЕН ЗАКОНИК, Европа го бара а имаме ли и нови судии за него

Новата Влада мора особено да посвети внимание и во скора иднина „да ги санира последиците нанесени од претходната Влада со донесувањето на Кривичниот законик“, изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кој денеска во Брисел учествуваше на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК). Како што нагласи, актуелниот законик во Брисел го гледаат како на антиевропски и во спротивност со европските вредности.

– Мора да донесеме Кривичен законик согласно стандардите на Европската Унија, за тоа да не стане пречка за понатамошното напредување на земјата кон полноправно членство – потенцираше Муртезани.

Во однос на забелешката во Извештајот за злоупотреба на инструментот „европско знаменце“ за носење закони по забрзана постапка, Муртезани нагласи дека партиите од сегашната владина коалиција уште кога беа во опозиција ја критикуваа ваквата пракса и за усвојување на законски решенија коишто немаа никаква врска со ЕУ и европското законодавство.

– Таа пракса веќе се напушта во Собранието. Ние мора, и Собранието и сите институции, да ги хармонизираме со начинот на функционирање којшто го бара ЕУ. Во Извештајот, а и денеска на состанокот, беше упатена многу силна порака дека во Собранието не треба да се гледаат тесните политички интереси, туку дека помеѓу сите во Собранието мора да постои дијалог за стратешката определба, односно за стратешките насоки на државата, потенцира Муртезани во изјавата за МИА.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.