Рајан Весли Раут, осомничен за вчерашниот обид за атентат врз Доналд Трамп, поранешниот американски претседател и републикански кандидат за Белата куќа, на теренот за голф во Палм Бич, Флорида, гласal на внатрепартиските избори на Демократската партија во Северна Каролина.
CBS News пренесува дека тоа го покажуваат податоците на изборната комисија на оваа сојузна држава.
Профилот на Раут (содржи бројни објави поврзани со Трамп во кои тој лично му се обраќа на поранешниот американски претседател.
Ти беше мојот избор во 2016 година и светот се надеваше дека Трамп како претседател ќе биде поинаков и подобар отколку како кандидат. Но, сите бевме многу разочарани и се чини дека стануваш се полошо и полошо… Ќе ми биде драго кога ќе те нема – напиша Раут.