Преголема е моќта на градоначалниците и таа треба да се ограничи, треба измени во законот за локална самоуправа со цел механизам за смена на градоначалник
Како што кажа Ѓорѓиевски, сопрен е спорниот ДУП за Расадник кој предвидуваше 99 згради и беше донесен од неговиот претходник, а за истата населба е распишан Меѓународен конкурс кој е прв во Македонија после Кензо Танге.
Преголема е моќта на градоначалниците и таа треба да се ограничи, вели претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела вода, Орце Ѓорѓиевски, во интервју за Радио слободна Европа.
Во ЗЕЛС се работи на составување тим кој ќе предложи измени во законот за локална самоуправа со цел механизам за смена на градоначалник.
Ѓоргиевски како “трагично“ го оцени однесувањето на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, бидејќи последиците од тоа ги трпат граѓаните.
-Се работи за, за жал, конфликтна личност, без менаџерска способност никаква и човек покрај тоа што нема добар начин на комуникација и нема менаџерски способности, одбива да прими советкога некој се труди да помогне за да се надмине некој проблем, рече Ѓорѓиевски.
Оценува дека тој би бил добар градоначалник на Скопје. Дали ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за оваа функција, вели дека зависи од повеќе фактори.
-Мене приоритет во моментов ми е да ги дореализирам сите проекти кои сум се обврзал пред моите сограѓани да ги реализирам, а де факто над 90% од проектите веќе ми се реализирани. Имам уште еден сет на проекти кои не сум ги ветил, но ова е животна материја, произлегле и се реализирале. Логично е секој човек да има амбиција, особено во политиката, за нешто повеќе да сработи, да остави резултати зад себе. Доколку сметаат граѓаните дека јас добро ја водам општината, ќе има анкети нашата политичка партија, доколку граѓаните и телата на нашата политичка партија одлучат, мислам дека би бил добар градоначалник на Скопје. Не се плашам од работа и сметам дека можам многу да придонесам за градот Скопје, истакна Ѓорѓиевски.
Градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, во своето гостување за Радио Слободна Европа, запрашан за големиот пожар што избувна во населбата Расадник изјави дека на опожареното место нема да се гради ништо, иако од кујната на опозициските партии се сервираше нешто друго.
Како што кажа Ѓорѓиевски, сопрен е спорниот ДУП за Расадник кој предвидуваше 99 згради и беше донесен од неговиот претходник, а за истата населба е распишан Меѓународен конкурс кој е прв во Македонија после Кензо Танге.
– По големиот пожар во Расадник, како што изјавив и за медиумите,но го изнесов тоа и на мојот фејсбук профил, нема да се гради ништо. За да се гради во Расадник, треба да се донесе Детален урбанистички план (ДУП). За разлика од минатото и концептот од минатото, каде што во Расадник требаше да се изврши груба бетонизација од мојот предходник, од редовите на Социал-демократскиот сојуз, тоа е бившиот градоначалник на Кисела Вода, мојот концепт, кој што го понудив беше поинаков, граѓаните го поддржа и тој концепт станува пракса. Почнува во пракса да се реализира, а тоа значи во првиот дел од своето ветување, јас кажав и заврши успешно објавување и избор на меѓународен конкурс за идејно решение за Расадник. По завршената постапка треба допрва да се нарача изработка на ДУП. Согласно финансиите на општината, кога ќе бидеме во можност, ќе извршиме постапка во која што ќе биде нарачан Детален урбанистички план, но во моментов сме далеку од таа постапка, рече тој.
Ѓорѓиевски посочи дека единствено може да засадат некоја овошка, зеленчук.
-Така да сумирам долгото на кратко, во Расадник нема ништо да се гради, во Расадник јас препорачав на оние кои што беа загрижени, бидејќи во моментов единствено може да засадат некоја овошка, зеленчук и така натаму, може да се искористат својата имагинација и креација и да пристапат кон такво нешто, рече Ѓорѓиевски.