Илија Димовски: Што добивме и што не добивме?
Илија Димовски со многу конкретна честитка за денот на независноста на Македонија.
– Прогласивме независност, не добивме слобода.
Прогласивме државност, не добивме матица.
Прогласивме самостојност, не добивме право на самоопределување.
33 години независна и самостојна држава е голем успех.
Но е само етапа и чекор кон остварување на правата на македонскиот народ и Македонците.
Ни недостасува силно образование, компететивно со најдобрите, а не со прв универзитет изгубен низ ранг листите.
Ни недостасува стопанството со стратегија, растеретно од државните товари измислени за постоење на разно разни непотребни институции.
Ни недостасува земјоделие, спремно да создаде храна потребна барем за наша исхрана.
Ни недостасува култура, ослободена од шундот на соседите.
Ни недостасува армија, спремна да не одбрани.
Ни недостасува здравство, подготвено да не лечи.
Ни недостасува екологија и хигиена, потребна за да живееме во чиста средина.
Ни недостасува систем кој ќе ги наградува најдобрите, а ќе ги посрамотува манипулаторите, неспособните и нечесните.
Ни недостасува правда.
Ни недостасува успех.
Да мислиме на тоа.
Нека е честит денот на независноста на Република Македонија!
Нека е вечна идејата за слобода на Македонија! – наведува Илија Димовски.