ОХРИД НАШ КАКО НА ФИЛМ: АУДИ ПРЕГАЗУВА ЛЕГНАТ МОТОР (ВИДЕО)

На социјалната мрежа ФБ се споделени видеа од немил настан и инцидент. На едното видео се гледа физички напад, а на другото се гледа како возило Ауди кабрио кое прегазува легнат мотор.

Според коментарите под двете видеа објавени вчера, овој инцидент се случил во Охрид. Прво се случил напад, а потоа и прегазувањето на моторот.

Случајот е пријавен во полиција на 31 август 2024 година, пред една недела.

Според билтент на МВР, на 31.08.2024 во 14.00 часот на улица „Кленоец“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода И.М. (30) од Охрид, затоа што претходно физички го нападнал М.М.(23) од Охрид и со неговото возило го оштетил мотоциклот кој го управувал М.М. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.