ДКСК бара Обвинителство да отвори предмет за несовесно работење на Сања Лукаревска

Антикорупциската комисија поднесе иницијатива до обвинителството за кривично гонење на Сања Лукаревска екс директорка на УЈП за „несовесно работење во службата“.

Ова е поради одлуката на екс директорката Лукаревска за групно откажување на договорите за вработувања и склучувањето на нови договори во изборен период за повисоки плати.

Државниот инспекторат за труд кој донесе одлука за поништување на договорите на 129 вработените во УЈП, кои биле потпишани врз основа на нерегуларни правилници за работа.

Со ова буџетот на УЈП бил оштетен за околу 292 илјади евра.

Актуелната директорка на УЈП, Елена Петрова предупреди дека по одлуката на Трудовиот инспекторат овие вработени ќе треба да ги вратат парите, и додаде дека се бара „најбезболно решение“.

Лукаревска одговори дека одлуката е според законот за УЈП.