Со полициски хеликоптер од Крушево се пренесува тешко повреден параглајдерист
Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека денеска во 18:11 часот на единствениот број за итни случаи 112 е добиена пријава за тешко повреден германски државјанин, параглајдерист.
Тој има отворена скршеница на едната нога и, како што наведува ЦУК, веројатна повреда на рбетот и се наоѓа на полетиштето за параглајдери пред Мечкин Камин во Крушево.
Поради сериозноста на повредите од екипата на итната медицинска помош и градоначалникот на Крушево е побаран итен хеликоптерски транспорт.
Полицискиот Ми 171, во кој се наоѓам во моментот, итно го пренасочивме кон тешко повреденото лице и моментално сме во непосредна близина на Крушево, истакна Ангелов.