Комеморација во чест на Саше Димовски

На 27 август во 14 часот во Клубот на новинари при ЗНМ ќе се одржи комеморација во чест на новинарот Саше Димовски.

Саше Димовски почина на 47-годишна возраст по долги и тешки здравствени компликации.

Тој беше долгогодишен соработник и член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) како и претседател на Советот на честа при ЗНМ.

Димовски работеше како новинар од 1996 година во телевизиите Сител, Канал 5 и 24 Вести. Работеше во неделникот и во дневниот весник „Фокус“ како новинар и уредник. Соработуваше со повеќе дневни и неделни изданија, локални и регионални тв медиуми.

Основач е на граѓанската организација и онлајн медиумот „Сведок“ од 2015 година.