10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗАГУБА во „Национални шуми“, има тужби, лизинзи за скапи возила

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во гостувањето на „Дејли Клик“ на ТВ21 зборуваше за состојбата во која се наоѓа ЈП „Национални шуми“. Тој вели дека таму треба да се направи реорганизација, и притоа додаде дека ова јавно претпријатије е во загуба од 10 милиони евра и нема огревно дрво.

„Оние кои се примени сега, ќе се распоредат на позиции. Ако некој не се снајде во ситуацијата, ќе треба да биде распределен на друга позиција или да си даде отказ. Ако сте примени на позиција секач, не може да седите во канцеларија. Кој ќе го сече дрвото. Реорганизација е ставање на функција на сите ресурси кои се примени на таа позиција. Воспоставување на ред мора да има. Национални шуми е во загуба од 10 милиони евра, и згора на тоа нема огревно дрво. Она што ме инфомираше директорот 10 милиони евра во однос на тужби, лизинзи за скапи возила… Ние сега со оваа инјекција која ја даваме да го вратиме во живот Јавното претпријатие. Тоа што во минатото правел грешки, да си направи ревизија директорот, и да си има одговорност“, рече Трипуновски.