НАПРАВЕТЕ ГО ДОМА ОВОЈ ЗДРАВ ЕЛИКСИР – ВКУСЕН И МИРИЗЛИВ ЛИКЕР ОД АРОНИЈА КОЈ ЌЕ ВЕ ВООДУШЕВИ

Аронија е зрнесто овошје, слично на боровинките и е високо отпорно на ниски температури, поради што често се нарекува и сибирска боровница. Расте на листопадна грмушка.

Аронијата е овошје кое до неодамна воопшто не беше проучено. Има извонредни лековити својства, а древните Индијанци го користело за приготовка на многу разни лекови и други состојки кои секојдневно ги употребувале. Според најновите истражувања, аронијата е одлична во справувањето со слободните радикали во организамот.

Плодовите на црната аронија се исклучително богати со витамини. Таа содржи витамин Ц, А, Е, Б2, Б6, Б9 и многу реткиот витамин П. Од минералите содржи калциум, калиум, железо, молибден, манган, фосфор и јод. Во сите плодови содржи голема концентрација на антиоксиданси (танини, биофеноли, флавоноиди, антоцијанини, катехини) и се смета дека е поголем антиоксиданс од брусницата. Затоа е корисна во превенцијата против малигните заболувања, ефикасно го прочистува организмот од штетни матерјали па и тешките метали. Освен ова аронијата содржи и редок овошен шеќер сорбитол.

Здравствениот бенефит од користење на аронијата е огромен.Од лековитите својства што и ги препишуваат најмогу се користи за прочистување на крвта, ја подобрува циркулацијата, ги спречува болестите на срцето, ја ублажува мигрената и главоболката, го регулира крвниот притисок и холестеролот, поволно делува на цревата и желудникот, ги намалува воспалителните процеси, ја регулира работата на тироидната жлезда, го спречува развојот на вирусните и бактериските инфекции, го регулира шеќерот во крвта, го успорува развојот на атеросклерозата, штити од деменција и Алцхајмерова болест, лечи уринарни инфекции, овозможува правилна работа на жолчката и црниот дроб и покрај тоа што ги прочистува.

На нашиот пазар може да се најде свежа, сушена, во облик на чај или сок и во прашкаста форма. Најчесто се консумира како пијалак (чај, сок, компот , ликер или со јогурт) но исто така се користи во разни готвени јадења, салати и десерти.  Аронијата не е само извор на здравје туку и вкусен зрнест плод од кој може да се направат многу вкусни работи.

Ние ви претставуваме рецепт за убав, домашен ликер од аронија.

Потребни состојки:

  • 500 грама зрнца од аронија
  • 350 грама шеќер
  • 1 литар црно вино
  • 150 милилитри рум
  • 1 парче цимет во стапче
  • 2 каранфилчиња
  • 1 мешунка од ванила

Ставете ги виното, шеќерот, аронијата и зачините во лонец. Потоа преполовете ја мешунката од ванила, отстранете ги семките со нож и ставете ги посебно внатре, па додајте ја и мешунката. Варете на тивок оган околу 15 минути додека шеќерот целосно не се растопи. Тргнете го од огнот и оставете ја смесата малку да се олади па после додајте рум и промешајте.

Истурете ја течноста во подготвени стерилизирани шишиња (заедно со зрнцата и зачините), па затворете и оставете да отстојат најмалку 4 недели. Повремено ќе треба само да ја промешате содржината што претходно сте ја туриле во шишињата. Се служи ладно во соодветна чаша.