Попов: На овој ден, ги повикувам младите да бидат нашиот коректив, да бидат гласни и постојано да се борат за реализација на своите цели

12 Август е денот на кој го одбележуваме Меѓународниот ден на младите. Ден на кој се потсетуваме на изминатите години во кои општеството стагнираше токму поради негрижата за младите, но и ден на кој потенцираме дека таквиот период заврши, изјави по повод Меѓународниот ден на младите, Сергеј Попов, пратеник, претседател на УМС

2 Август е денот на кој го одбележуваме Меѓународниот ден на младите. Ден на кој се потсетуваме на изминатите години во кои општеството стагнираше токму поради негрижата за младите, но и ден на кој потенцираме дека таквиот период заврши, изјави по повод Меѓународниот ден на младите, Сергеј Попов, пратеник, претседател на УМС.

Како влада и парламентарно мнозинство, приоритет во првите месеци од работата беше грижата за младите во Македонија.

Обезбедивме вработување на 600 специјализанти и регулирање на нивниот статус во здравствениот систем и обезбедивме над 600 милиони денари за студентскиот оброк и стипендиите.

На овој ден, ги повикувам младите да бидат нашиот коректив, да бидат гласни и бунтовни и постојано да се борат за реализација на своите цели, вели Попов.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.