На наплатните рампи во јули има промет повеќе од лани, парите постоеле и минатата година само што не завршувале во државната каса

Премиерот Мицкоски на Фејсбук напиша дека Директорот на Државните патишта Коце Трајановски го информирал дека на наплатните рампи во јули има промет од
од 470.194.563 денари што е повеќе за цели 16.071.251 денари, споредено со истиот период лани.

Овие пари постоеле и минатата година, само разликата е што не завршувале во касата на државата, каде сега од тие пари градиме градинки, училишта, патишта.