Јовановски: Нешто мора суштински да се менува во начинот на кој се казнуваат оние што го прекршиле законот, на прво место парите, а на второ затворска казна

Не сум експерт за право, но логиката на здравиот разум ми вели дека нешто мора суштински да се менува во начинот на кој се казнуваат оние што го прекршиле законот, напиша на својот фејсбук профил Зоран Јовановски.

Мислам дека на прво место треба да бидат парите, а на второ место затворските казни. Прво да ги врати парите тој што ги украл или да ја надомести направената штета, а башка ќе оди и во затвор.

Македонија цел месец се бори со пожари и скоро секој ден дознаваме за некој фатен пироман. На сите такви треба прво да им се испостави сметка и да платат за трошокот за ангажирање хеликоптери, пожарникари и тоа да биде од имотот што го имаат (пари, станови, куќи, коли, или од тоа што ќе го заработат во иднина). После доаѓа затворската казна за “предизвикување општа опасност”. Така секој ќе си размисли дали да подметнува пожари.

Поенатата е криминалот да се направи финансиски неисплатлив!!! Мислам дека тоа е убедливо најголемата казна за криминалците во Македонија. И ги има многу што би одлежале години затвор, ама да им останат парите или ненадоместена штетата што ја направиле.