Дарио Ивановски го развиори македонското знаме на крајот од маратонската трка
Дарио Ивановски го оставри својот сон и стана првиот македонски олимпиец кој завршил една маратонска трка, откако денеска успеа да пристигнее на финишот во Версај и да го развиори македнското знаме.
Најдобриот атлетичар од нашата земја се најде во конкуренција на најдобрите светски маратонци, па и покрај сите проблеми кои ги имаше пред трката, успеа да смогне сили и да притигне на финишот.
Ивановски не беше во својот посакуван ритам поради стомачни проблеми и тоа беше евидентно за време на секое мерење на пет километри, па на крајот оствари време кое е 20 минути послабо од неговиот личен рекорд, кој всушност е и национален рекорд.
Дарио истрча за време од 2:08.26 часа на маратонот во Севилја оваа година, а денеска пристигна на целта како 69-ти со време од 2:28.15.
Првото место го освои Тамират Тола од Етиопија кој го освои златниот медал, додека среброто и бронзата им припадна на Абди Башир од Белгија и Бенсон Кипруто од Кенија.
Победникот Тола ја заврши трката со време 2:06:26, што всушност е и нов олимписки рекорд.