ВИДЕО: Со многу љубов и емоции Ајдин од Босна ја испеа „Заветна“

По прекрасната изведба на ,,Мојата Македонија” на Давид Темелков, Ајдин Османовиќ и неговиот професор Јасмин Брашњиќ со уште потешка задача.

По прекрасната изведба на ,,Мојата Македонија” на Давид Темелков, Ајдин Османовиќ и неговиот професор Јасмин Брашњиќ со уште потешка задача.

,, Заветна е песна која обединува. Тоа е парче музика за душата на Македонецот но и многу тешка за изведба песна.

Се обидов да му ја објаснам ,,тежината” на оваа песна на мојот Ајдин и за пеење и за нејзината суштина.- ни рече професорот Брашњиќ.

,, Сета тага, сета болка, сета љубов, но и завет на Македонците се раскажува низ само една песна- додава тој.

Оваа изведба иако само пред неколку денови веќе ги руши рекордите на слушаност ширум Балканот и светот.

Инаку приказната на ,,бисерното грло,, младиот дванаесто годишен Ајдин Османовиќ започна пред само една година кога тој и неговиот професор Јасмин Брашњиќ во нивниот музички кабинет наречен ,, кабинет на емоции” ја испеаја нашата Јано мори и го ,,освоија” Балканот.