Пратениците од ДУИ добиле закана дека ќе им се наштети и на нивните семејства, Меџити вели дека самите си ги праќаат?

На пратениците од ДУИ им биле испратени смртни закани на нивните е-мејл адреси. Освен заканите по нивниот живот, во пораката е напишано дека ќе им се наштети и на нивните семејства, а пораката завршува и со националистичка содржина за со зборовите “Чиста Македонија”. Заканувачките содржини се испратени до осум пратеници на ДУИ, од непознат испраќач, пренесе Фактор.

Случајот во четвртокот бил пријавен до МВР, од каде, пак, известија дека единицата за компјутерски криминал го расчистува случајот.

„Нив не ги вознемирува и не ги задева никој, тие не се чинител! ДУИ со кибернетски електронски мејлови си се закануваат самите на себе, па го пријавуваат тоа во полиција! Тоа се нивни политички акробации!“ – изјави вицепремиерот Изет Меџити и лидер на Демократското движење во рамки на коалицијата Вреди. Ова го објави ТВ 21.

ТВ 21 ја цитира изјавата на Изет Меџити, дадена во овој контекст:

„Самите ги пишуваат тие електронски мејлови, па ги пријавуваат во полиција. Ним не им се заканувал никој се додека не беа во опозиција, а сега не се некој чинител, што може да го натера некого за закани кон нив. Тие мора да си се посветат самите на себе, мора да се реформираат. Треба да се огласуваат со нови идеи, а не со ваквите политички акробации преку електронски мејлови да се закануваат самите на себе и да го пријавуваат тоа во полицијата! Нив не ги вознемирува никој и не ги задева, тие не се чинител!“