Огромна штета: 9000 хектари шума или колку 12.000 фудбалски игралишта пеплосаа пожарите на планината Серта

Речиси 9000 хектари површина или колку 12.000 фудбалски игралишта пеплосаа пожарите на планината Серта. Ова се првичните неофицијални проценки на Македонски шуми. Станува збор за слаба и деградирана шума, односно грмушки, смреки и даб.

Речиси 9000 хектари површина или колку 12.000 фудбалски игралишта пеплосаа пожарите на планината Серта. Ова се првичните неофицијални проценки на Македонски шуми. Станува збор за слаба и деградирана шума, односно грмушки, смреки и даб.

Од страна на Неготино изгорени се околу 5.500хектари, а од штипска безмалку 3000 хектари . Освен растителниот, настрада и животинскиот свет. Штетите се епохални и потребни ќе бидат децении, за повторно се врати животот на планината.

„ Она што е најважно да се каже е дека бомбата што ќе се случи во периодот пред се е од еколошка гледна точка. Во моментот дивеч таму претпоставувам дека нема. Ќе треба да помине малку време за да почне дел од дивечот да се враќа, меѓутоа на него ќе му требат одредени услови за да биде таму. Во моментот дивечот таму нема ниту храна, ниту место каде да се крие. Така да тоа буквално ќе биде пустина„ изјави Кире Михаилов, заменик генерален директор на ЈП„Македонски шуми„.

Откако во целост ќе бидат изгаснати пожарите, во наредниот период ќе се започне со чистење на она што позади себе го оставија пламените јазици. На овој начин опожареното подрачје ќе се подготви за втората фаза, а тоа е пошумување со автохтони видови на растенија. Но проблемот ќе биде уште поголем, бидејќи во расадниците на Македонски шуми, нема доволен број на садниците коишто се потребни.

„Нашите расидници во изминатите години не работеле со капацитет со којшто требало да работат и имаме недостиг на садници. Така да ќе мора да поработиме максимално и во овој сектор за да можеме во текот на оваа сезона не знам колку ќе успееме, но во наредната да дојдеме до бројките коишто ни се потребни и да излеземе на конкретното барање на теренот„ изјави Михаилов.

Освен на Серта, во изминатиот период огнот беснееше и во радовишко и струмичко. На планината Плачковица пеплосани се 197, а во струмичко 400хектари.