НЕДОЛИЧНО ОДНЕСУВАЊЕ НА ЖЕРНОВСКИ на државен настан во Романија, повикан на консултаци во Скопје?
Министер за надворешни работи земја членка на Европската Унија, лично го информирал македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски за несоодветно постапување на македонски амбасадор.
Ова го информираше Муцунски во неговото гостување на Само Интервју на Канал 5 минатата недела.
Вечер.мк дознава дека се работи за амбасадорот Андреј Жерновски во Букурешт. Како што дознаваме тој бил повикан на консултации во нашето МНР на 7 август 2024.
Информациите на Вечер.мк говорат дека тој во Букурешт имал некој инцидент со романскиот протокол и обезбедување кое наводно било еден вид на кошкање, туркање, а истото се случило државен настан, на кој бил присутен и романскиот Министер за надворешни работи.
Инцидентот, според информациите, бил од посериозен карактер штом министерот решил лично да го извести Министерот Тимчо Муцунски.