„Непожељни“! Грција му забрани влез на уште еден активист за егејското прашање
Сотир Лукровски, претседателот на македонското патриотско здружение В’мбел Егеј, од вчера, па во наредните три години веќе нема да може да влезе во Грција, да го посети селото на неговите родители. „Регистрован је као непожељни“, му пишува на лош српски јазик во документот со лого на ЕУ, што го добил Лукровски од грчката полиција на граничниот премин Меџитлија.