„НАД 900.000 ЕВРА ТЕНДЕРИ ЗА РЕЈТИНГ НА СПАСОВ, Заев на настани во Македонија одеше со државен хеликоптер, нема да дозволиме криминалците преку лажни обвинувања да го сведат ВМРО-ДПМНЕ на нивно ниво
Најдобриот одговор на нивната демагогија е нашата посветена работа и резултатите кои ги постигнуваме. СДС може да продолжи со своите празни напади, но граѓаните веќе ги препознаваат и знаат кој вистински работи за нив, соопштија од партијата.
Наместо грижа за сопствената катастрофа, СДС со наталожени лаги и измислици сакаат да ги манипулираат граѓаните преку скапо платениот ПР. Додека ја уништуваа државата, на агенцијата Рејтинг, во сопственост на Никола Спасов во периодот додека СДС беше власт оваа агенција има добиено тендери во вкупна вредност од над 900.000 евра, изјави Марија Митева пратеничка и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Имено, Во 2020-та, година од Град Скопје, Рејтинг на Спасов добила над 16.000 евра, но исто така и 4.500 евра од Општина Карпош. Во 2021-ва од Општина Охрид, добил 15.000 евра, сите тендери во период кога градоначалници се од редовите на СДС. Истата година, Рејтинг на Спасов добила 60.000 евра од Министерството за здравство, предводено од неговиот сегашен шеф, Венко Филипче, вели Митева.
Митева додаде дека во истата година, во месец август Спасов, од Владата добил тендер вреден цели 300 илјади евра.
Во 2022-рата година пак исто од Владата добил над 420.000 евра, за промоција на македонското вино во Белград. Истата година во декември, Спасов добил тендер од 50 илјади евра од Министерството за финансии и уште еден од 100.000 од Министерството за надворешни работи, рече таа.
Според Митева во 2023-та година, Спасов пак стана сопственик на нова компанија за производство на електрична енергија „Гама Солар“, а да ја потсетиме јавноста дека само после три дена Регулаторна комисија за енергетика, со одлука одобри и лиценца за изградба на фотоцентрала, под име „Гама Солар1“.
Како што додаде заради ваквото бесрамно трошење на народните средства, немаше пари за граѓаните, немаше пари за земјоделците, немаше пари за стопанството. Додека агенцијата Рејтинг си измислуваше фестивали за дебели хонорари, народот тонеше во сиромаштија.
Па сосема логично е денес истата оваа агенција Рејтинг, која беше добро исплатена преку милионски тендери од власта, да мисли дека ќе и се оддолжи на СДС преку опозиција. Но, залудни се обидите преку низок ПР СДС да се надева дека ќе успее да го поткрене сопственото реноме. Филипче мисли дека со креирани лаги ќе избега од одговори за сите катастрофи изминативе 7 години, но одговори и одговорност кора да има, истакна Митева.
Од 30 дена, владиниот авион министрите на ДУИ и СДС го користеле 25 дена. Меѓудругото и за летови до Ниш. Ваквата искористеност на владиниот авион сега допринесе за сервис кој чини 1 милион евра кои ќе биде платен од буџетот на граѓаните. Воедно да не се заборави дека Заев на настани во Македонија одеше со државен хеликоптер, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата нагласија дека СДС повторно покажува дека нема никаква визија или идеја за иднината на Македонија. Нивните празни зборови и бесмислени обвинувања не можат да ја прикријат нивната неспособност и корупција. Заради вакввиот однос на СДС како oвој оваа партија доживеа историски пораз и забрзано тоне кон целосна нерелевантност. Во периодот кога тие беа на власт, Македонија беше сведок на невидена економска стагнација, масовно иселување на младите и континуирани скандали.
Што се однесува до трошоците за кои СДС зборува, тие се далеку помали од оние кои беа направени во нивното време на власт. Не само што нивните трошоци беа целосно непродуктивни. Нема да дозволиме криминалците преку лажни обвинувања да го сведат ВМРО-ДПМНЕ на нивно ниво, потенцираа во соопштението со реакција на прес конференцијата на Богданка Кузеска.
-СДС е партија на минатото, партија која го загуби контактот со реалноста и потребите на граѓаните. Наместо да критикуваат, нека понудат конкретни решенија за проблемите кои самите ги создадоа. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на нашите ветувања и продолжува да работи за иднината на Македонија. Најдобриот одговор на нивната демагогија е нашата посветена работа и резултатите кои ги постигнуваме. СДС може да продолжи со своите празни напади, но граѓаните веќе ги препознаваат и знаат кој вистински работи за нив, соопштија од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се бори за подобра Македонија, за нашите деца и за идните генерации, стои во соопштението на ВМРО-ДМПНЕ.