Брендот за часовници „Гармин“ кој го користат професионални спортисти и рекративци бил жрвта на хакерски напад. Како што пренесува британски „BBC“, напаѓачите успеале да го пробијат заштитниот систем и да влезат во базата со лични податоци.
Нападот се случил во четвртокот претпладне, а комплетна контрола врз базата хакерите имале во саботата. Од компанијата се огласија околу хакерскиот напад, но одбија да одговорат за шпекулациите дали платиле 10 милиони долари за ослободување на базата.
Многу од нашите онлајн услуги беа прекинати. Исто така веб страницата не фунцкионираше поради проблеми во мрежата и базата. Им се извинуваме на клиентите. Веруваме дека за брзо ќе се стабилизира ситуацијата и повторно ќе можеме сите заедно да уживаме во спортувањето и рекреирањето со Гармин уреди. – стои во извештајот од компанијата.
„Гармин“ часовниците се користат за следење на тренингот или натпреварот на спортистите и рекреативците, а некои од уредите се користат во најмодерните авиони.