Мицкоски: Тајфун поминал низ државава изминатите седум години, се е уништено, недостасуваат 2,5 милијарди денари од буџетот

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска на новинарско прашање во каква состојба е буџетот, рече дека „тајфун“ поминал низ државата седум години.

Каков е буџетот во моментов, прашање е како ќе се исплаќаат сегашните обврски. Тајфун поминал низ државата во изминатите седум години, и целосно е уништена. Се надевам дека во скоро време ќе седнеме со синдикатите и да им ги покажеме бројките, а бројките се катастрофални. Ако ви кажам дека недостасуваат 2,5 милијарди денари за редовна исплата на пензиите, настрана ова кое претставува зголемување дополнително, може да разберете за што станува збор. Но, ќе се бориме сето тоа да го реализираме, се надевам дека во првите 100 дена ќе седнеме со синдикатите и да разговараме и да ги покажеме бројките – изјави Мицкоски.