Втор хеликоптер кај Сушево и Злеово, пожарот се заканува на куќите
Пожарот кој вчера попладне започна на територија на општина Василево е се уште активен. Истиот се разгорува кон с. Сушево и кон с. Злеово, а со тоа им се заканува на куќите кои се во непосредна близина. На терен се вклучува и втор хеликоптер на Министерството за внатрешни работи.
На терен се екипи на струмичката територијална противпожарна единица.