МОН: Неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци ќе се исплаќа од утре
Вести Сцена Магазин Спорт Интервјуа Колумни Македонија МОН: Неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци ќе се исплаќа од утре Паричните надоместоци по основ на антикризната мерка за поддршка на семејствата на основци и средношколци која беше ветена, а нереализирана од претходното владино раководство, Министерството за образование и наука информира дека ќе започнат да се исплаќаат од понеделник, информираат преку соопштение од Министерството за образование и наука
д понеделник ќе почнат да се исплаќаат паричните надоместоци по основ на антикризната мерка за поддршка на семејствата на основци и средношколци, соопшти Министерството за образование и наука.
Од МОН велат дека министерката за образование, Весна Јаневска на првиот ден од мандатот ги задолжи надлежните сектори да направат детален преглед на нереализираните финансиски обврски по секој еден ученик чие семејство ги исполнува условите и има поднесено апликација за остварување на ова право.
„Врз основа на доставениот извештај, се направи план со динамика на исплата којa започнува од утре. Наместо краткорочни неквалитетни решенија, учениците и нивните семејства заслужуваат вистинска и континуирана системска поддршка за олеснување на воспитно – образовниот процес и за надминување на предизвиците со кои секојдневно се соочуваат последните неколку години“, наведуваат во соопштението од МОН.
Од министерството додаваат и дека во иднина младите ќе бидат во фокусот на политиките на новата влада, а квалитетот на образованието и можностите за реализација на личниот потенцијал во границите на својата земја, плански и континуирано ќе се зголемуваат.