Венко Филипче, претендент за лидер на СДСМ тера бизниси со Заеви, за две и пол години стекнал капитал поголем за 150 илјади евра
Пратеникот Венко Филипче, еден од тројцата кандидати за претседател на СДСМ тера бизниси со семејството на поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев, но заборавил да ги пријави во Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), објави ИРЛ.
Во анкетниот лист доставен до Антикорупциската комисија, како што пишува „ИРЛ“ Филиче ја скрил фирмата за недвижности од Бугарија која ја пронајдоа новинарите на ИРЛ. Пребарувањето низ јавните списи во Македонија новинарите ги довело до до нова инвестиција на семејствата на експремиерот Зоран Заев и ексминистерот Филипче. Нивните браќа Вице и Никола се на чекор до пуштање во употреба на фотоволтаична централа која им ја изградил Кочо Анѓушев. Филипче во разговор со новинарите на ИРЛ изјавил дека заборавил да ја пријави фирмата и рече дека веднаш ќе поита до ДКСК да го надополни анкетниот лист за неговата имотна состојба.
Пресметките од последниот анкетен лист на Венко Филипче, доставен на 28 јуни 2024 до Комисијата за спречување корупција како пратеник, покажуваат дека тој поседува имот вреден 850 илјади евра. Тоа значи дека во меѓу периодот откако престана да биде министер, до пратеничката функција, за две и пол години, стекнал капитал поголем за 150 илјади евра.
Пријавениот имот вклучува шест станови во Скопје, патничко возило во сопственост на сопругата и нов мотор Indian Pursuit купен годинава.
Пријавени се и хартии од вредност стекнати во 2008 година, меѓутоа, не е наведена нивната вредност.
Претходната власт предводена од СДСМ, последните неколку години од владеењето на големо зборуваше дека ќе го испитува потеклото на капиталот и имотот на функционерите. За секој имот над 30 илјади евра за кој не може да се докаже потеклото, требаше да има конфискација. Меѓутоа, досега ништо од ова не се примени.
Целиот текст овде