Ужинките се составен дел од нашето здравје, па затоа најдобро е да практикуваме тие да се здрави. Комбинација на смокви и јогурт е совршен појадок или ужинка кој е вкусен и здрав истовремено.
Смоквата е преполна со диетални влакна кои го подобруваат варењето на храната и гарантираат дека подолго време ќе се чувствувате сити. Богати се со витамини и минерали, од кои најзастапени се витамините А, Ц, К и Б, како и калиум, магнезиум, цинк, бакар, манган и железо.
Пробајте го овој вкусен појадок
Потребни состојки:
- 75 грама суви смокви
- Вода
- 250 мл бадемово или кокосово млеко
- 125 грама јогурт
- 1 помала замрзната банана
- 1 лажица мед
- 1 лажица путер од бадем
- 85 грама снегулки од хељда
- 1 лажичка кокосово масло
- ½ лажичка цимет
- 1 лажица кокосов шеќер
- Уште малку цимет
- 1 лажица семе од чиа
Исечете ги смоквите на половина, ставете ги во сад и покријте ги со вода, па додадете малку мед. Оставете да отстојат натопени 10 минути или повеќе за да бидат што помеки и посочни. Во блендер измешајте ги јогуртот, млекото, бананата, остатокот од медот и бадемовиот путер и ставете ги настрана.
Во сад измешајте ги снегулките од хељда, кокосовото масло, циметот и шеќерот. Печете го ова во тава околу 5-6 минути и потоа оставете да се излади.
Ставете во две чаши по 3 половини смокви и истурете го јогуртот што претходно го подготвивте. Потоа додадете уште неколку смокви. Врз нив ставете ги снегулките од хељда, циметот и чиа семето, и вашиот десерт е подготвен.