Си заминуваат затоа што има лекари со плата од само 21.700 ДЕНАРИ, некои од нив се и без здарвствено осугурање!
По масовното заминување во странство на медицинските сестри и болничарите, може да се очекува и замнување на лекарите, докторите, во прва прилика ако најдат соодетно вработување во странство. Дали причината се само малите плати?
Приоритет на новата влада треба да бидат вработените во јавното здравство, кои повеќе од 5 години работат без здравствено и пензиско осигурување, порачаа денеска Независниот синдикат на здравствени работници и административен технички персонал (НСЗР) и Здружението на приватни лекари (ЗПЛРМ) кои се обврзаа на соработка со меморандум „Заедно сме посилни“.
– Немаат здравствено и пензиско осигурување, би требало тие да се приоритет и веднаш по формирањето на новата влада да се направи нешто, заедно со новиот министер за здравство, приватните доктори и со јавното здравство, да им се реши ситуацијата на овие луѓе, бидејќи ќе нѐ снајде уште еден егзодус од 1.000 до 2.000 вработени кои работат повеќе од 5 години, кои што се вработени за време на кризата – рече претседателот на НСЗР Боби Бојчевски.
– Го чекаме назначувањето на новиот министер и да се договориме за ситуацијата за приватните доктори, а исто и за вработените во јавното здравство. Очекуваме позитивна клима и ќе се реши овој проблем, бидејќи тие луѓе се вработени повеќе од 5 години со плата од 21.700 денари, тоа е срамно и жално, а држат цели одделенија во јавното здравство, како примарна медицина, вакцинација, лабаратории, физикални и така натаму – истакна Бојчевски.