„Заев продолжува со ПРЕДАВНИЧКАТА ПОЛИТИКА“

Социјалистичката партија на Македонија – СПМ, која е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, реагира на заедничката статија на поранешните премиери Зоран Заеви и Алексис Ципрас преку која тие порачаа дека „новото раководство на Северна Македонија го крши Преспанскиот договор“. СПМ оценува дека „продолжуваат предавничките напади и политики на поранешниот премиер Зоран Заев и грчкиот граѓанин Алексис Ципрас против интересите на народот во Македонија“.

„Со нивна најава дека се крши духот на Договорот од Преспа овие претставници на најпредавничкиот период за македонската држава уште ги бранат неодбранливите и срамни понижувања кои токму тие ги создадоа.

Славењето на овој наметнат асиметричен договор на 6 години од неговото потпишување е само доказ дека историјата не го препозна како чин за меѓусебно помирување и градење стабилност во регионот. Останати се бројни нерешени прашања кои се основа за нови уцени и блокади од страна на јужниот сосед, а евроинтеграцијата станува се подалечна и комплицирана.

Неприфаќањето на писмото и духот на Договорт од народот во Македонија треба да е основа за преиспитување и репреговарање на овој договор во духот на демократска и рамноправна позиција на државите.

Социјалистичката партија на Македонија укажува на штетите од досегашната погубна антимакедонска политика на Заев и СДС со ДУИ и дека никој нема право и мандат да работи против интересите на државата Македонија, а за оставарување на лични лукративни цели за што мора да одговараат“, се вели во партиската реакција.