БОМБА на Канал 5 ТВ: Грција се подготвува за враќање на мерките од 90те, ако…
Истиот наш извор напоменува дека иако Мицотакис постојано повторува дека ќе се обиде да ја изолира Македонија на меѓународен план, за што и самиот тој не верува дека ќе успее, па затоа е направен план од неколку чекори кои треба да бидат следни мерки на Грција против Македонија со цел за „опаметување“ на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ:
1. Силни барања кон меѓународната заедница за нивен притисок врз новата влада во Македонија за прекин на постојаното вербално користење на Македонија.
2. Доколку ова не даде резултати, се повеќе се размислува за враќање на старите мерки за ембарго на лица и стоки како што се: забрана за влез на влез на македонски возила, па дури и враќање на налепниците ( ова не би важело за оние кои имаат имот во Грција ), забрана за користење на роаминг на македонски мрежи, забрана за прелети на комерцијални авиони кои полетуваат од Скопје или Охрид и други мерки.
3. На маса е и опција за самоорганизација на т.н. грчки „жив штит“ на граничните премини помеѓу Македонија и Грција
Мицотакис е чест гостин во северниот дел на Грција изминативе денови и преку нему блиската, СКАИ телевизија, испрати порака до грчките и македонските граѓани во која вели:
„Ние не сме наивни и знаеме како се играат вакви ситни игрички. Видовме дека ВМРО со екстремна реторика доаѓа на власт, разговаравме и кажавме дека не сакаме да продолжиме со ратификација на меморандумите “…небаре не можеле да ги ратификуваат меморандумите изминативе 5 години ( н.з. )
Грчката СКАИ и верзијата на CNN веќе срамежливо ги најавуваат овие мерки кои нашиот извор од Атина ни ги предочи, кој особено ни потенцираше дека Мицотакис повторувал – „ние ќе бидеме на другата страна“
Канал 5 ТВ ќе побара информација од нашето МНР но и од Грчката амбасада во Македонија
Извор: Канал 5