Претседателката Сиљановска Давкова на аудиенција кај папата Франциск
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја предводи државно-црковната делегација во посета на Рим и Ватикан, по повод честувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.
Ова е нејзина прва официјална посета во странство по победата на претседателските избори на 8 мај.
Силјановска Давкова денеска во Ватикан, оствари средба со папата Франциско.
„Немам зборови за доживувањето, долга средба имав со Папата“, рече Силјановска.
„Тоа многу значело, се усогласивме околу актуелните проблеми, на поддршката на Ватикан на патот кон ЕУ, на поддршката на Ватикан на Западен Балкан, 30 години потоа соработката. Рековме дека успесите се очигледни, потврдивме дека посетата во 2019 беше неверојатно инспиративна, не само за малото стадо на кое папата му порача да не се плаши, туку за сите религии.
Пример сме за религиозен дијалог, ќе продолжи, Ватикан верува во нашата сила“, вели претседателката како што пренесе ТВ21.
Во Рим денеска е и бугарскиот претседател Румен Радев.
И Сиљановска и Радев денеска беа на аудиенција кај папата Франциско, но не истовремено, јави дописничката на Канал 5