Села се заканува со „избор на два мандатара“ и „друг облик на државно уредување“, „ако не се испочитува ЕУ-фронтот како албански победник“?!

„Нема договор ‘победник со победник’ , но има договор ‘мандатар со победникот’! Или ова ќе се почитува ова, или ќе избереме два мандатара!“ – ова го кажа Зијадин Села, лидерот на крилото во Алијансата за Албанците, со кое тој раководи.

ТВ 21 пишува: „Тенденцијата да се прекрши принципот, кој погрешно се нарекува насекаде ‘победник со победникот’ не е таков, туку е ‘мандатар со победникот’. Во македонскиот политички блок победникот го добива мандатот, додека во албанскиот политички блок нема мандат. Ако би имало два мандатара, тогаш тоа е само по себе друг облик на државно уредување. Или ќе се почитува принципот мандатарот да влезе во преговори со победникот кај Албанците, или да се регулира со закон  да имаме два мандатара!“ – нагласи Села.

Коментирајќи ја веројатната влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, Зијадин Села рече дека никој не може да ја згази волјата на албанскиот народ кој на овие избори јасно кажа на кого му дава доверба. „Како никој што не може да ја згази волјата на македонскиот народ, кој јасно се одлучи за ВМРО-ДПМНЕ, така ни тие, а и никој друг не може да ја згази волјата на албанскиот народ, кој на овие избори ја даде својата ‘пресуда’, која е јасна.“ – посочи Села.

Comments are closed.