ВРЕДИ: Али Ахмети ја загуби контролата откако сфати дека ја загуби власта
„Не држат изјавите на Ахмети со кои се обидува мултиетничкиот „Европски фронт“ да го претстави како претставник на Албанците, бидејќи самиот овој фронт се изјасни дека е мултиетничка коалиција со граѓански концепт, додека ВРЕДИ е единствената албанска опција кај нас“, реагираат од колаицијата на опозициските партии на етничките Албанци, ВРЕДИ.
„На сите им е јасно дека Али Ахмети ја загубил контролата откако сфатил дека ја загубил власта.
Но, го повикуваме, доколку сака европска перспектива за земјата, да остане смирен, да ги води партнерите од фронтот во конструктивна мултиетничка опозиција.
Да ги поддржиме прашањата што се во интерес на Албанците, како што тоа досега го правеа партиите од Вреди како опозиција. Да дозволиме правдата да дејствува. Кога правдата ги следи законите, тогаш евроинтегративниот пат на државата е загарантиран“, се вели во реакцијата на ВРЕДИ.
„Со жалење можеме да кажеме дека со секое ново појавување на Али Ахмети неговата состојба станува посериозна.
Тоа се должи или на манипулации на Артан и Бујар, или Ахмети изгубил контрола, бидејќи ги разоткрива своите незаконски дела“, велат од ВРЕДИ.