Милошоски: И СДСМ и ДУИ имаа силно изразена ароганција како власт, периодот во опозиција е шанса да покажат дека го почитуваат мислењето на народот
Пратеникот Антонио Милошоски коментира дека две-три години првите луѓе на СДСМ ги залажуваа своите симпатизери дека ВМРО-ДПМНЕ, дури и да победи, нема коалициски капацитет за да формира влада.
Милошоски додава дека „истата мантра, како верна паушал-клиентела, ја повторуваа и 6-7 провладини ‘аналитичари’“.
Но, изборите ја демантираа власта во заминување и денес токму владините партии ДУИ и СДСМ се оние кои немаат коалициски капацитет. И СДСМ и ДУИ имаа силно изразена ароганција како власт и гледаа со големо потценување на секој неистомисленик. Периодот во опозиција е шанса и за двете партии да се реформираат, да покажат дека го почитуваат мислењето на народот, а ароганцијата да си ја остават само за домашна употреба, вели Милошоски.