Мицкоски: Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ сака да биде добар домаќин и да биде дел од плановите на македонската дијаспора за инвестиции во Македонија

Mи претставува посебна чест и задоволство што еве ја имам можноста да бидам дел од овој настан. Ценам дека ваквите настани само додаваат вредност за Македонија како држава и за граѓаните. Тоа што ќе го зборувам во тие минути кои што мене ми се отстапени ќе биде поврзано со иднината, онаа иднина каква што ние како ВМРО-ДПМНЕ ја гледаме за Македонија и за граѓаните, и јас лично, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер Христијан Мицкоски.

-Ценам дека треба да понудиме решенија за реалните проблеми на граѓаните. Предизвиците се дијагностицирани, ги знаеме кои се предизвиците. И сега веќе треба да ги решаваме тие проблеми кои што се напластени овдека во Македонија. Се разбира дијаспората, Македонците надвор од Македонија се нераскинлив дел од македонскиот идентитет, тие се секогаш добредојдени, искуството и мрежата која што тие ја поседуваат е добредојдена.

Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ сака да биде добар домаќин и да биде дел од нивните планови за инвестиции во нивната татковина.

Така што ако имате време останете на овој дел од настанот организиран „Македонија 2025“, па ќе можете да слушнете за сето ова за кое што сега зборувам, рече Мицкоски.