Арсовска се скара и со Џафери

Нараснатата трева околу Владата не Република Македонија ги скара техничкиот премиер, Талат Џафери и градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

Нараснатата трева околу Владата не Република Македонија ги „скара“ техничкиот премиер, Талат Џафери и градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

Сопред Џафери тоа е надлежност на Градот Скопје, а Арсовска му возврати со зборовите „Талат Џафери ако до сега не знае дека сам треба да си го уреди сопствениот двор, таа лекција ни денес нема да ја научи сигурно“.

-Според процедурите и прописите, земјиштето околу Владата е сопственост и надлежност на Градот Скопје и според работата и обврските ‘Паркови и зеленило‘ како јавно претпријатие кое се грижи за изгледот на главниот град е надлежно за таа работа. Владата ниту има предвидено средства ниту, пак, може да предвиди средства за работи кои се во надлежност на друга институција“, рече Џафери.

Од друга страна Арсовска му возврати дека сопствениот двор треба сам да си го исчисти.

-Талат Џафери ако до сега не знае дека сам треба да си го уреди сопствениот двор, таа лекција ни денес нема да ја научи сигурно. Од ВД премиерот од Форино, што кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори и прави хаос низ градот, не е ни очекувано дека би требало да знае што е негова обврска, тој само знае какви бенефиции може да искористува.

ЈП “Паркови и зеленило” ги одржува градските булевари и паркови површини кои се надлежност на претпријатието согласно Закон, а ако сака ВД премиерот Талат од Форино да ги ангажира да работат во Влада за истото треба да си склучи Договор, исто како и секоја друга институција во Македонија, регаираше Арсовска.