ФОТО: Пратенички мандати на партиите по изборни единици
Државната изборна комисија утрово на својата веб-страница ги објави резултатите од обработени над 99,27 проценти од гласовите.
Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 431.251 (43,23%) или 58 мандати во новиот 120 член собраниски состав, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 153.250 (15,36%) – 18 пратеници, Европски фронт на ДУИ 137.486 (13,78%) – 19 пратеници, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 106.991 (10,72%) – 13 мандати, Левица има 67.338 гласа (6,75%) – 6 пратеници, а Движење ЗНАМ – За наша Македонија 55.539 (5,57%) – 6 пратеници.
Распределбата на мандати по изборни единици е следна:
Изборна единица 1
Коалиција „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ ВМРО- ДПМНЕ – 10 мандати
Коалиција ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА – СДСМ – 3 мандати
Коалиција „ЕВРОПСКИ ФРОНТ“ – 2 мандати
ЛЕВИЦА – 2 мандати
Коалиција ВЛЕН – 2 мандати
Движење ЗНАМ – За Наша Македонија – 1 мандат
Изборна единица 2
Коалиција „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ ВМРО- ДПМНЕ – 8 мандати
Коалиција „ЕВРОПСКИ ФРОНТ“ – 4 мандати
Коалиција ВЛЕН – 3 мандати
Коалиција ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА – СДСМ – 2 мандати
Движење ЗНАМ – За Наша Македонија – 2 мандат
ЛЕВИЦА – 1 мандат
Изборна единица 3
Коалиција „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ ВМРО- ДПМНЕ – 14 мандати
Коалиција ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА – СДСМ – 4 мандати
ЛЕВИЦА – 1 мандат
Движење ЗНАМ – За Наша Македонија – 1 мандат
Изборна единица 4
Коалиција „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ ВМРО- ДПМНЕ – 13 мандати
Коалиција ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА – СДСМ – 5 мандати
ЛЕВИЦА – 1 мандат
Движење ЗНАМ – За Наша Македонија – 1 мандат
Изборна единица 5
Коалиција „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ ВМРО- ДПМНЕ – 10 мандати
Коалиција „ЕВРОПСКИ ФРОНТ“ – 4 мандати
Коалиција ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА – СДСМ – 3 мандати
ЛЕВИЦА – 1 мандат
Коалиција ВЛЕН – 1 мандат
Движење ЗНАМ – За Наша Македонија – 1 мандат
Изборна единица 6
Коалиција „ЕВРОПСКИ ФРОНТ“ – 9 мандати
Коалиција ВЛЕН – 7 мандати
Коалиција „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ ВМРО- ДПМНЕ – 3 мандати
Коалиција ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА – СДСМ – 1 мандати
Останатите партии и коалиции кои учествуваа на изборите имаат под еден процент гласови.